Кошаркарите на Атланта во Филаделфија ја забележаа деветтата последовна победа и се зацврстија на лидерската позиција во Источната конференција совладувајќи го домаќинот 105-87.
Македонскиот интернационалец, мечот во Филаделфија го следеше од клупата и со одлука на тренерот не доби шанса да влезе во игра. Атланта до победата ја предводеше Ал Хорфорд кој забележа ‘трипл дабл’ од 21 поен и по 10 скокови и асистенции.
Покрај Антиќ од стандарните играчи тренерот на Атланта на овој меч ги одмораше и Џеф Тиг, Пол Милсап и Демар Керол.
Атланта има скор од 30 победи и осум порази, тимот на Антиќ победи на 23 од последните 25 натпревари, од друга страна Филаделфија има скор од седум победи и 30 порази.
„Макфакс“