Кошаркарите на Атланта и Сан Антонио со две победи во исто толку мечеви против Бостон односно Мемфис ја капитализираа предноста од домашен терен во првата фаза од плејофот во НБА лигата.


„Јастребите“ до вториот триумф над „детелините“ стигнаа победувајќи со високи 17 поени разлика (89-72). Уште поубедлив триумф забележаа „мамузите“ кои со 94-68 го декласираа составот на Мемфис.



Сериите подобар до четири победи се селат во Бостон и Мемфис каде што ќе се одиграа нови два натпревари.

Резултати: Атланта – Бостон 89-72 (2-0), Сан Антонио – Мемфис 94-68 (2-0).

OhridNews