Лидерот во НБА лигата Атланата запиша неочекуван пораз 92-84 на гостувањето кај една од најслабите екипи во лигата Филаделфија.


Тренерот на Атланта, Баденхолцер реши во Филаделфија да одомори неколкумина важни играчи и тоа го чинеше пораз.

Атланта играше без Милсап, Керол, Корвер и Перо Антиќ што Филаделфија го искористи за да стигне до победа.

Тиг со 17 и Шредер со 16 поени беа најефикасни кај Атланта, додека Филаделфија ја предводеа Мбах а Муте и Томпсон со по 19 поени.

Атланта сега има скор од 49 победи и 13 порази, додека Филалделфија ја забележа 14-та победа во сезоната.

„Макфакс“