Кошаркарите на Чикаго Булс победувајќи го тимот на Бостон со 106-102 во „Гарден арената“ ја одбранија гостинската чест во четирите мечеви од плејофот кои се синоќа беа на програмата.


„Биковите“ со триумфот над „детелините“ направија „брејк“, односно создадоа предност на гостински терен.


Сигурни на домашен терен беа екипите на Голден Стејт, Вашингтон и Хјустон кои славеа над Портланд, Атланта односно Оклахома.

Резултати: Вашингтон – Атланта 114-107 (1-0), Голден Стејт – Портланд 121-109 (1-0, Бостон – Чикаго 102-106 (0-1), Хјустон – Оклахома 118-87 (1-0).

OhridNews