Кошаркарите на Голден Стејт се доближија чекор поблиску до пласман во финалето на западната конференција, откако и во третиот натпревар од полуфиналната серија ја совладаа екипата на Јута, овој пат со 102-91.


Во третата победа во серијата со „џезерите“ се истакна Кевин Дурант кој постигна 38 поени. На својот поентерски учинок Дурант додаде 13 скокови и една асистенција. Стеф Кари поентираше 23 пати, додека со двоцифрен учинок мечот го заврши и Игудала кој реализираше 11 поени. Во составот на Јута најефикасен беше Хаурад со 29 кошеви.


И четвртиот натпревар се игра на теренот од Јута, а „воините“ токму на тој меч ќе имаат првата меч топка за пласман во финалето на западот.

OhridNews