Кошаркарите на Оклахома го изедначија резултатот со Сан Антонио (1-1) победувајќи го (98-97) по голема борба на теренот во вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.


„Громовите“ одиграа фантастичен натпревар против еден од најдобрите тимови во НБА лигата недозволувајќи му да се размавне пред своите гледачи.

Дуото Кевин Дурент и Расел Весбурк искомбинираа 57 поени, а голема поддршка добија од Ибака, Адамс и Кантер кои уфрлија заедно 36 кошеви.

Кај „мамузите“ најпрецизен со 41 кош беше Олдриџ, а меч за заборав одиграа Тим Данкан (2 поени), Тони Паркер (7 поени).

Резултати: Сан Антонио – Оклахома 97-98 (1-1), Кливленд – Атланта 104-93 (1-0).

OhridNews