Кошаркарите на Атланта Хоукс забележаа нова победа во НБА лигата совладувајќи го составот на Милвоки Бакс 101-88.
Најзаслужен за победата на „јастребите“ беше Кајл Корвер, кој постигнаа 11 поени за 60 секунди во моментите кога се „кршеше“ резултатот.
Потегот на вечерта го имаше Перо Антиќ успевајќи да постигне поени под фаул од противничкиот играч откако го издрибла.
Македонскиот интернационалец во триумфот уфрли осум поени, а додаде два скока, една асистенција и една украдена топка.
Мх.П.