Кошаркарите на Кливленд изедначија во финалната серија на истокот (2-2), откако на крилата од Леброн Џејмс го совладаа тимот на Бостон со 111-102 (34-18, 34-35, 21-23, 22-26) во четвртиот натпревар.

Џејмс за 41 минута на теренот уфрли 44 поени со висок процент на реализација и повторно беше човек на одлука. Интересен е фактот, што „коњаницата“ ја доби само првата четвртина (34-18) и ја задржа предноста иако ги губеше следните три.

Петтиот натпревар во финалето на истокот се игра на теренот од Бостон четврток после полноќ.

OhridNews