Кошаркарите на Кливленд се вратија во игра во финалната серија во НБА лигата победувајќи го Голден Стејт 120-90 во првиот од трилогијата мечеви на домашен терен.


„Коњаницата“ на крилата од Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг возвратија половина од ударот на „воините“ и намалија на 2-1 во големото финале.

Домаќините добивајќи ја првата четвртина со високи 17 поени разлика наговестија дека нема лесно да се предадат во финалната серија.

Голден Стејт собра сили и врати со иста мера во втората четвртина, но доминацијата Кливленд ја продолжи и во третата и во четвртата за убедлива победа.


Леброн Џејмс уфрли 32 поени, Кајри Ирвинг 30, а Џеј Ар Смит додаде 20 кошеви. Своја вечер во Кливленд немаше Стеф Кари кој постигна само 19 поени.

OhridNews