Кошаркарите на Сан Антонио поведоа со 3-2 во серијата со Хјустов во 1/2 финалето на западот победувајќи по дополнителни пет минути во петтиот меч 110-107.
Херој на „мамузите“, односно човек на одлука беше Ману Џинобили кој во последниот напад од „рекетите“ го блокираше обидот за три поени на Џејмс Харден кој ако погодеше ќе донесеше нови пет минути.
Претходно, во регуларниот дел од натпревар водството се менуваше, а меч топката им припадна на домаќините кои не ја реализираа.
Шестиот натпревар се игра на теренот од Хјустон, а „мамузите“ со гостински триумф ќе закажат финален натпревар на западот со Голден Стејт.
OhridNews