Тимот на Бостон поведе со 3-2 во конференциското финале на истокот победувајќи го Кливленд со 96-83 (32-19, 21-23, 23-18, 20-23) во петтиот натпревар од серијата.

„Детелените“ со триумф на домашен терен одговорија на двете претходни победи на „коњаницата“ во Кливленд со кои го изедначи резултатот.

Домаќините кон триумфот тргнаа во првата четвртина која ја добија со 13 поени позитива (32-19). Во вториот квартал Леброн Џејмс и дружината намалија само два поени добивајќи ја со 23-21.

Третата четвртина им припадна на домашните кошаркари со пет поени(23-18) за убедливо водство од 16 кошеви пред одлучувачката четврта четвртина. Во неа гостите намалија само три поени (23-20) што беше премалку за поволен резултат.

Во третиот триумф во финалната серија на Бостон најмногу се истакна Џејсон Татум со 24 поени, 7 скокови и 4 аситенции. Двоцифрен учинок на поени имаа уште Џајлен Браун (17п), Ол Хорфорд (15) и Маркус Морис и Маркус Смарт кои уфрлија по 13. Кај Кливленд очекувано најпрецизен беше Леброн Џејмс со 26 кошеви. 

OhridNews