Кошаркарите на Бостон стигнаа до почетно водство (1-0) во полуфиналната серија на истокот со Филаделфија победувајќи ја со 117-101 пред своите гледачи. „Детелините“ ги добија сите четири четвртини, а клучната разлика ја направија во втората која ја добија со осум поени.
Во тимот на Бостон расположени за игра беа Џејсон Татум (28 поени), Ол Хорфорд (26) и Тери Роузи кој реализираше 29 кошеви. Кај „76-ките“ Џоел Ембид уфрли 31 поен.
OhridNews