Кошаркарите на Хјустон поведоа во серијата со Јута (2-1) победувајќи со 113-92, додека Њу Орлеанс ја врати неизвесноста во дуелот со Голден Стејт намалувајќи на 2-1 со победата 119-100.

„Ракетите“ до вториот триумф кој им донесе во 2-1 стигнаа со маестрална игра во првото полувреме во кое постигна дури 70 поени, а примија само 40. Во вториот дел „џезерите“ анулираа дел од предноста на гостите, но не доволно за избегнување на пораз.

„Пеликаните“ клучната разлика за прв триумф во серијата со „воините“ ја направија во првата и третата четвртина. Голден Стејт не возврати со иста мера и го претрпе првиот пораз во полуфиналето на западот.

Резултати: Њу Орлеанс – Голден Стејт 119-100 (1-2), Јута – Хјустон 92-113 (0-3).

OhridNews