Кошаркарите на Хјустон изедначија (2-2) во финалната серија на западот победувајќи го актуелниот шампион Голден Стејт на противнички терен со тесни 95-92 (19-28, 34-18, 17-34, 25-12).

Натпреварот во „Оукленд арената“ изобилуваше со пресврти, а во тензичниот финиш подобро се снајде составот на Хјустон. „Воините“ пред своите гледачи имаа и двоцидрена предност, но „ракетите“ со одличната последна четвртина успеаја да ја анулираат и да ја изедначат серијата. 

Џејмс Харден во победата на Хјустон уфрли 30 кошеви, а додаде уште 4 скокови и 4 асистенции. Крис Пол постигна 27 поени, а Ерик Гордон застана на 14. Во тимот на Голден Стејт, Стеф Кари реализираше 28, а еден помалку Кевин Дурант.

Петтиот меч од серијата се игра во Хјустон. 

OhridNews