Кошаркарите на Кливленд со гостински триумф (113-112) и почетно водство од 1-0 ја започнаа полуфиналната серија со Торонто во источната конференција.
Повторно, херој на „коњаницата“ беше Леброн Џејмс, кој зад своето име запиша „трипл дабл“ учинок. Џејмс уфрли 26 поени, а додаде уште 11 скокови и 13 асистенции. Голема помош Џејмс имаше од ЏР Смит кој постигна 20 поени и Кајл Корвер кој реализираше 19 кошеви. Во домашниот состав најрасположен беше ДеМар ДеРозан кој заврши со 22 кошеви.
Бранителот на трофејот во НБА лигата, Голден Стејт максимално ги искористи мечеви на домашен терен од стартот на серијата со Њу Орлеанс. „Воините“ и во вториот меч победија (121-116) и поведоа со 2-0.
Резултати: Торонто – Кливленд 112-113 (0-1), Голден Стејт – Њу Орлеанс 121-116 (2-0)
OhridNews