Бранителот на трофејот во НБА лигата, Голден Стејт ја дуплираше предноста (2-0) во серијата со Сан Антонио победувајќи (116-101), додека Мајами направи „брејк“ и изедначи против Филаделфија (1-1) со победата 113-103 на гостински терен.

„Воините“ со пресврт во третата и четвртина стигнаа до победата (116-101), откако „мамузите“ добро го отворија мечот и на полувреме имаа водство (53-47). Серијата се сели кај тимот на Сан Антонио кој мора да ги искористи двата мечеви на домашен терен за останување во игра за пласман понатаму.

Кошаркарите на Мајами добија една од четирите четвртини со Филаделфија, но се покажа сосема доволно за конечен триумф 113-103. „Жешките“ вториот квартал го добија со убедливи 34-13, додека другите изгубија 29-22, 33-30 односно 28-27.

Резултати: Филаделфија – Мајами 103-113 (1-1), Голден Стејт – Сан Антонио 116-101 (2-0).

OhridNews