Оклахома поведе со 1-0 во финалната серија на Западот победувајќи го тимот на Голден Стејт во „Оракл арената“ со 108-102.


Првите две четвртини од првиот меч во финалето од западната конференција им припадна на „воините“ кои на полувреме замина со 13 поени предност.

Во третата четвртина „громовите“ ја стопија негативата, а во последната ја искористија шансата за победа во првиот меч од серијата.


Најдобрите играчи на Оклахома, Кевин Дурант и Расел Весбрук реализраа 26 односно 27 поени, а дуото голема помош има од Адамс кој постигна 16 кошеви и Ибака кој застана на 11 поени.

Во тимот на Голден Стејт најпрецизен беше Стеф Кари со 26 поени, но со слаба реализиција од поле. Тој за два промаши 13 од 22 удари, а за три 6 пати беше прецизен од 14 обиди.

OhridNews