Финалето пред финалето во плејофот од НБА лигата помеѓу Хјустон и Голден Стејт започна со гостински триумф на „воините“ (119-106) и почетно водство 1-0.

Кошаркарите на Голден Стејт победата и „брејкот“ ги обезбедија со добрата игра во третата и четвртата четвртина, откако резултатот беше изедначен после првите два квартали. Третиот го добија со 31-24, а четвртиот со 32-26 за конечни 119-106.

Најефикасен во тимот на Голден Стејт беше Дурант со 37 поени, а поддршката доби од Томпсон кој реализираше 28 и Кари кој застана на 18 поени. Кај Хјустон најпрецизен беше Харден со 41 поен, а помош доби единствено од Пол кој уфрли 23 кошеви.

OhridNews