Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-0 во серијата со Портланд, откако на гостински терен по многу возбудувања и пресврти славеа со 119-113.


„Воините“ во еден период од натпреварот имаа негатива од 17 поени, но тимската игра им донесе прво егал, а подоцна победа која широко им ги отвора вратите за пласман во следната фаза.


Екипата на Мемфис после продолжение го совлада составот на Сан Антонио 110-108 и израмни во серијата 2-2. Тимот на Торонто со триумфот 87-76 во гости над Милвоки исто така израмни 2-2, а Атланта ја презеде контролата во серијата со Вашингтон (2-1) после победата на домашен терен 116-98.


Резултати: Мемфис – Сан Антонио 110-108 (2-2), Портланд – Голден Стејт 113-119 (0-3), Милвоки – Торонто 76-87 (2-2), Атланта – Вашингтон 116-98 (2-1).

OhridNews