Шампионот во НБА лигата, Кливленд обезбеди пласман во следната рунда од плејофот во источната конференција победувајќи ја Индијана и во четвртиот натпревар од серијата со 106-102.
„Коњаницата“ предводена од тандемот Џејмс – Ирвинг кои искомбинираа 61 поен ја „исчистија“ Индијана која далеку е од тимот кој му парираше на Кливленд во финалните дуели на истокот во минатото. Иако Кливленд победи тесно, голем дел од дилемите гостинските кошаркари ги решија во втората и третата четртина во која обезбедија двоцифрена предност.
На добар пат се наоѓа и Хјустон кој на гостински терен ја совлада Оклахома 113-109 и ја врати предноста од две победи (3-1) по четири одиграни мечеви.
Во четвртфиналето на Истокот, Кливленд ќе го чека подобриот од седијата помеѓу Торонто – Милвоки во која моментално е егал 2-2.
Резултати: Чикаго – Бостон 94-105 (2-2), Јута – ЛА Клиперс 105-98 (2-2), Индијана – Кливленд 102-106 (0-4), Оклахома – Хјустон 109-113 (1-3).
OhridNews