Кошаркарите на Денвер изненадувачки го совладаа најдобриот тим во Истокот, Атланта со 105-102 пред своите гледачи.
„Јастребите“ констатно имаа негатива што во еден момент изнесуваше и 32 кошеви разлика. Со серија успеаја да се вратат во игра, но не и да победат.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна шест поени сите од слободни фрлања, а најпрецизен беше Кајл Корвер со 18 поени.
Атланта со скор од педесет победи и четиринаесет порази се наоѓа на првата позиција во источната конференција пред Кливленд и Чикаго.
Мх.П.