Пол Пирс обезбеди место помеѓу бесмртните во Бостон Селтикс, откако клубот дресот со бројот 34 го повлече од употреба и го закачи на врвот од арената на „детелините“.

Навивачите, тренерот Док Риверс и неговите поранешни соиграчи со овации го поздравија Пирс кој кариерата ја заврши како втор стрелеци во историјата на Бостон. Пред него се наоѓа само Џон Хавличек.

Бостон и кошаркарот најголемиот успех го имаа 2008 година кога стигнаа до титулата во НБА лигата, а Пирс се закити со наградата за најкорисен играч во финалната серија со Лос Анџелес Лејкерс.  Дресот на Пирс во „ТД арената“ е вкупно 22-ри кој е повлечен од употреба.

OhridNews