Кошаркарите на Атланта Хоукс на гостувањето во Бостон го совладаа домаќинот 105-91 и стигнаа до десеттата победа во серија.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за нешто повеќе од 24 минути на теренот постигна шест поени, а имаше пет скокови и одлични четири украдени топки. Најпрецизен во составот на „јастребите“ беше Тиг со 22 поени додека Милсап реазлираше 18.


Победата над „детелините“ екипата на Атланта (31-8) ја зацврсти на првата позиција на Истокот пред дербито со второпласираниот Торонто.

Мх.П.