Кошаркарите на Бостон ја намалија негативата на 2-1 во финалната серија со Кливленд на источната конференција, откако славеа со 111-108 во третиот натпревар кој се одигра во „Лоанс арената“ во Кливленд.

„Детелините“ до првиот триумф во финалниот дуел на истокот стигнаа со фајтерски пресврт. Во еден момент од натпреварот домашните кошаркари имаа предност од 21 поен, но тоа не ги поколеба и разоружа, туку ги мотивираше уште повеќе за победа и излекување од сигурна елиминација.

Дури шест кошаркари во тимот на Бостон имаа двоцифрен учинок, а ги предводеа Смарт и Бредли кои постигнаа 27 односно 20 поени. Во тимот на Кливленд своја вечер немаше Џејмс кој постигна 11 кошеви, а најпрецизен беше Ирвинг со 29 поени.

OhridNews