Кошаркарите на Кливленд поведоа во финалето на истокот со 1-0 победувајќи го составот на Бостон во првиот меч од серијата со 117-104.
Домашните кошаркари победникот го решија во првиот дел кој го добија со позитива од 22 поени. „Детелините“ во второто полувреме ја намалија негативата за девет поени, но не успеаја да се спасат од пораз.
„Коњаницата“ до почетното водство во серијата стигна на крилата од тандемот Леброн Џејмс – Кевил Лав кој искомбинира 70 поени. Џејмс на 38-те поени додаде 7 асистенции и 9 скокови, додека Лав запиша 12 скокови зад своето име.
OhridNews