Кошаркарите на Кливленд го изедначија резултатот (2-2) во серијата со Чикаго победувајќи го ривалот со тесни 86-84 во четвртиот натпревар.
Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс со поените со звукот на сирената донесе значаен триумф за гостите во плејоф серијата со „биковите“.
Џејмс погодои на исти начин како што го направи тоа предводникот на Чикаго, Дерик Роуз во третиот дуел.
Резултати : Чикаго – Кливленд 84-86 (2-2), Хјустон – ЛА Клиперс 95-128 (1-3).
Мх.П.