Кошаркарите на Јута Џез последни обезбедија пласман во 1/4 финалето во НБА лигата, откако во одлучувачкиот седми натпревар на гостински терен го совладаа тимот на Лос Анџелес Клиперс со 104-91.
„Џезерите“ во добар ритам ги одиграа втората и третата четвртина во која се стекнаа со двоцифрена предност. Првата заврши егал, додека во последната домаќините минимално го ублажија поразот. Јута во четвртфиналето ќе се сретне со Голден Стејт кој со 4-0 го елиминираше Портланд.
Триумфот во првиот меч од четвртфиналната серија забележа составот на Бостон кој пред своите гледачи славеше над Вашингтон 123-111. Првата четвртина им припадна на „визардси“ (24-38), а домашните кошаркари распукаа во втората и третата добивајќи ги 35-26 односно 36-16. Во последниот период „детелините“ ја задржаа предноста и поведоа 1-0.
Резултати: Бостон – Вашингтон 123-111 (1-0), ЛА Клиперс – Јута 91-104 (3-4).
OhridNews