Четири победи на четири натпревари е скорот на домаќините по синоќешните мечеви од плејофот од првата рунда во НБА лигата.
Предноста на домашниот терен во првиот меч ја искористија Кливленд, Мајами, Лос Анџелес Клиперс и Сан Антонио кои славеа над Детроиот (106-101), Шарлот (123-91), Портланд (115-95) односно Мемфис (106-74).
Резултати: Кливленд – Детроит 106-101 (1-0), Мајами – Шарлот 123-91 (1-0), Лос Анџелес Клиперс – Портланд 115-95 (1-0), Сан Антонио – Мемфис 106-74 (1-0).
OhridNews