Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 3-2 во серијата со Вашингтон во полуфиналето на истокот, откако победија во петтиот натпревар со 123-101.
„Детелините“ до триумфот стигнаа на доминантен начин добивајќи ги сите четвртини. Домаќините првата ја добија со 33-21, втората 34-30, третата минимално 26-25 и четвртата 35-30 за вкупни 123-101.
Следниот шести натпревар се игра на теренот од „визардси“, а Бостон со триумф може да обезбеди финале, каде веќе се наоѓа тимот на Кливленд.
OhridNews