Од ден во ден Лука Дончиќ ги поместува границите во НБА лигата. Словенецот имаше нова брилијатна престава во дресот на Далас во победата над Минесота 119-115 постигнувајќи 29 поени, а додаде уште 12 асистенции и 8 скокови.

Во последната минута и пол од мечот дебитантот во елитното друштво реализираше седум поени во серија и донесе водство за својот состав. Дончиќ прво погоди два обиди за два поени, а симултанката ја комплетираше со тројка.

Далас и покрај победата има негатива биланс (20-22) во западната конференција, но Дончиќ е вистинско освежување за екипата и публиката.

OhridNews