Кошаркарите на Атланта го презедоа водството во серијата со Вашингтон (3-2) победувајќи ги „волшебниците“ во петтиот натпревар со тесни 82-81.
Човек на одлука беше Ал Хордфорд, кој успеа да погоди на две секунди од крајот на мечот што подоцна значеше победа за „јастребите“.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ помина скромни седум минути на теренот, а имаше скор од четири поени и три скокови.
Со пресврт до победа за пласман во финалето од западната конференција стигна и Голден Стејт, кој во петтиот меч го преслуша Мемфис со 98-78.
Ohridnews