Леброн Џејмс со блокада и поени во последните мигови од мечот одигра клучна улога во победата 98-95 на Кливленд над Индијана и преземање на водството (3-2) во полуфиналната серија.

На 3 секунди до крајот од натпреварот Џејмс го блокираше обидот на Оладипо при резултат 95-95, а после минутата одмор погоди од линијата за три поени и донесе победа и водство од 3-2.

Џејмс мечот го заврши со 44 поени, 10 скокови и 8 асистенции, а голема поддршка доби од Кајл Корвер и Кевин Лав кои реализираа 19 поени односно 11 поени. Кај гостите најпрецизен беше Домантас Сабонис со 22 поени.

Резултати: Кливленд – Индијана 98-95 (3-2), Оклахома – Јута 107-99 (2-3), Хјустон – Минесота 122-104 (4-1).

OhridNews