Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат пред одбрана на титулата во НБА лигата, откако го победија Кливленд и во третиот меч во серијата овој пат со 110-102.

До третата победа во исто толку мечеви „воините“ ги предводеше Кевин Дурант кој уфрли 43 поени. На ниво во Кливленд повторно беше Леброн Џејмс постигнувајќи 33 поени, но освен од Кевин Лав немаше помош од другите играчи.

На четвртиот меч повторно домаќин ќе биде Кливленд, а Голден Стејт ќе ја има првата меч топка за титула.

OhridNews