Кошаркарите на Торонто ја намалија предноста на Милвоки во финалето од источната конференција (2-1) победувајќи после две продолженија во третиот натпревар со 118-110 (30-21, 28-30, 19-24, 19-21, 22-16).

„Рептилите“ во мечот да се биде или не, беа поквалитетен противник, но до победата стигнаа после дополнителни десет минути. Во текот на целиот натпревар, домашните кошаркари имаа водство, но „бакси“ во финишот успеаја да изборат за реми и продолжение. Во второто продолжение, Каваи Ленард ги зеде работите во своите раце погодувајќи неколку шутеви од игра, а се истакна и со играта во одбрана за триумф и враќање на надежите за пласман во големото финале.

Ленард со 36 поени и 9 скокови беше најкорисен играч во Торонто, а добра поддршка доби од Камерунецот Сјакам кој реализираше 25 поени а додаде уште 11 скокови. Кај Милвоки, Хил со 24 поени беше најефикасе, а првата виолина Антетокумпо уфрли скромни 12 кошеви.

OhridNews