Првопласираниот Хјустон и второпласираниот и бранител на трофејот во плејофот од НБА лигата, Голден Стејт ќе ги одмерат силите во финалето на западната конференција.
„Ракетите“ и „воините“ во полуфиналните серии на западот со идентични 4-1 ги елиминираа Јута односно Њу Орлеанс. Во петтиот меч Хјустон славеше со 112-102, додека Голден Стејт 113-104 за меѓусебна пресметка во финалето.
На истокот пласман во финалето избор Кливленд кој со 4-0 го елиминираше Торонто, а Бостон води со 3-1 и на домашен терен ја има втората меч топка.
Резултати: Хјустон – Јута 112-102 (4-1), Голден Стејт – Њу Орлеанс 113-104 (4-1).
OhridNews