Екипата на Торонто и во вториот меч на домашен терен го совлада Кливленд (105-99) и се избори за егал (2-2) во финалето од Источната конференција.
Судејќи по четирите досегашни одиграни мечеви во финалето на Истокот серијата ќе се решава по одигрувањето на „мајсторката“ во седмиот натпревар.
Кошаркарите си поделија по едно полувреме. Торонто резултатски доминираше во првиот додека Кливленд во вториот дел.
„Рептилите“ на одмор заминаа со плус 16-ет поени, а Леброн Џејмс и дружината во второто полувреме успеаја да намалат само на шест за конечни 105-99.
Дуото Де Розан и Лоури искомбинираа 67 поени и беа нерешлига енигма за составот на Кливленд. Кај „коњаницата“, Џејмс уфрли најмногу 29 поени, а Ирвинг постигна три помалку.
Петтиот меч од серијата се игра во Кливленд.
OhridNews