Најдобриот тим во регуларниот дел од НБА лигата, Хјустон изедначи (1-1) во серијата со актуелниот првак Голден Стејт победувајќи на домашен терен со 127-105 (26-21, 38-29, 31-29, 32-26).

„Ракетите“ до првиот триумф во серијата стигнаа со доминатната игра во текот на целиот натпревар. Домашните кошаркари ги добија си четири квартали не им оставија ниту трошка надеж на „воините“ за втор „брејк“ во финалето на западот.

Најпрецизни во Хјустон со 27 постигнати поени беа Џејмс Харден и Ерик Гарден, додека најефикасен кај „воините“ заврши Кевин Дурант со 38 кошеви.

Следните два мечеви во финалната серија ќе се играат на теренот од Голден Стејт.

OhridNews