Екипата на Њујорк Никс со 95-90 го совладаа тимот на Кливленд на првиот официјален натпревар на Леброн Џејмс по враќањето на старото јато.
20 000 гледачи беа присутни да го поздрават враќањето на Џејмс и сето тоа требаше да означува почеток на нова ера, но Кармело Ентони и дружината му ја расипаа забавата.
„Никси“ барем засега успеаја да ги запрат големите планови на „каваларси“ кои ги имаа по доведување на Џејмс и создавање на шампионска екипа.
Резултати : Орландо – Вашингтон 98:105, Кливленд – Њујорк 90:95, Минесота – Детроит 97:91, Далас – Јута 120:102, Лос Анџелес Клиперс – Оклахома 93:90.
Мх.П.