Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ, настапи за Атланта во натпреварот со Шарлот, кој ’јастребите’ го добија по продолжението со 117-114.
Антиќ, во победата на својот тим, имаше епизодна улога, тој на паркетот мина нешто помалку од четири минути. За тоа време тој постигна два поени, двата од линијата за слободни фрлања, а имаше и по едно промашување за два односно три поени.
Атланта до победата ја предводеше Пол Милсап со 21 поен и 6 скока. Покрај Милсап уште петина кошаркари на Атланта мечот го завршија со двоцифрен број на поени: Корвер 17, Скот 16, Шредер и Сефолоша по 12 и Хорфорд 10 поени.
Атланта во претсезоната има скор од три победи и исто толку порази.
Резултати:
Далас-Мемфис 108:103
Сан Антонио-Сакраменто 106:99
Атланта-Шарлот 117:114
Бруклин-Филаделфија 99:88
Њујорк-Милвоки 107:120
Кливленд-Чикаго107:98
Вашингтон-Њу Орлеанс 84:88.
„Макфакс“