Кошаркарите на Индијана повторно поведоа во дуелот Кливленд овој пат со 2-1, откако во првиот меч пред своите гледачи со фантастичен кам бек во второто полувреме славеа со тесни 92-90.

Составот на Кливленд предводен од Леброн Џејмс одигра маестрални две четвртини во кои се стекнаа со предност од 57-40. Во вториот дел „пејсерси“ одговорија со иста мера и успеаја да постигна два кошеви повеќе за конечна победа 92-90. Хрватот Бојан Богдановиќ со 30 поени беше најефикасен во тимот на Индијана, додека Оладипо постигна 18. Леброн Џејмс кај Кливленд уфрли 28, а Кевин Лав 19.

Победи на домашен терен и први воопшто во третата рунда од првата фаза забележааа Вашингтон и Милвоки кои славеа против Торонто односно Бостон.

Резултати: Индијана – Кливленд 92-90 (2-1), Вашингтон – Торонто 122-103 (1-2), Милвоки – Бостон 116-92 (1-2).

OhridNews