Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс приредија фанстатичен кам бек и стигнаа до првата победа и изедначување (1-1) во плејоф серијата со Голден Стејт. Клиперси славеа со 135-131.

Победата немаше да биде сензационална, ако не беше остварена против актуелниот шампион, на негов терен и после 31 поен негатива. Од средината на третата четвртина до финишот гостите успеаја да ја надохнадат негативата и го треснат од земја бранителот на трофејот. Ова е прв пат во плејоф мечевите екипа да се врати од 31 поен негатива.

Во тимот на „клиперси“ се истакна Вилијамс со 36 поени, Хаерл постигна 25, а Галинари 24. Кари со 29 кошеви беше најпрецизен кај „воините“.

Во преостанатиот меч од синиќа Филаделфија славеше против Бруклин 145-123 и изедначи во серијата 1-1.

OhridNews