Кошаркарите на Голден Стејт со тесна победа (113-111) ја отворија финалната серија на западот против тимот на Сан Антонио. „Воините“ до првиот триумф во финалето стигнаа со фантастичен пресврт во вториот дел надополнувајќи 20 поени негатива.
„Мамузите“ како ретко до сега одиграа две различни полувремиња, но мора да се пофали и домашниот состав кој не се предаде и во моментите кога имаше 25 поени негатива.
Двигатели на Голден Стејт беа Стеф Кари со 40 и Кевин Дурант со 34 поени, додека кај гостите се истакнаа Ламаркус Олдриџ со 28 поени и Кавај Ленард со 26 поени.
Вториот натпревар од финалната серија на западот исто така се игра на теренот од Голден Стејт.
OhridNews