Екипите на Филаделфија и Голден Стејт обезбедија пласман во следната рунда од плејофот во НБА лигата победувајќи ги со идентични 4-1 Мајами односно Сан Антонио.
„76-ките“ до четвртата победа во серијата со „жешките“ стигнаа на домашен терен со 104-91, додека „воините“ со тесни 99-91 дојдоа до потребниот четврти триумф во серијата подобар до четири.
Во полуфиналињата од источната односно западната конференција Филаделфија ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Бостон – Милвоки, а Голден Стејт со Њу Орлеанс, кој со 4-0 го елиминираше Портланд.
Резултати: Филаделфија – Мајами 104-91 (4-1), Бостон – Милвоки 92-87 (3-2), Голден Стејт – Сан Антонио 99-91 (4-1).
OhridNews