На кошаркарите од Хјустон и Голден Стејт потребна им е уште една победа во сериите со Јута односно Њу Орлеанс за закажување на меѓусебна пресметка во финалето на западот.

„Ракетите“ во четвртиот натпревар со „џезерите“ славеа со 100-87, додека „воините“ со убедливи 118-92 ги смирија „пеликаните“ во вториот меч на домашен терен.

Пласманот во конференциското финале Хјустон и Голден Стејт ќе го бркаат во петтиот натпревар кој ќе одиграат на домашен терен за два дена. 

Резултати: Њу Орлеанс – Голден Стејт 92-118 (1-3), Јута – Хјустон 87-100 (1-3).

OhridNews