Кошаркарите на Милвоки поведоа во финалето на истокот со 1-0 победувајќи го Торонто во првиот натпревар на домашен терен со 108-100 (23-34, 28-25, 25-24, 32-17).

„Бакси“ до почетниот триумф и водство стигнаа со пресврт во финишот од мечот, откако гостинските кошаркари констатно го контролираа резултатот. „Рептлите“ разликата од 11 поени остварена во првата четвртина ја задржаа во втората и третата, но не успеаја да го издржат налетот во решавачкиот квартал кој го изгубија со 32-17 и поразот беше неизбежен.

Од екипата на Торонто беа и најдобрите стрелци. Ленард постигна 31 поен, а еден помалку реализираше Ловри. Во тимот на Милвоки, Лопез уфрли 29 кошеви а Антетокоунпо застана на 24 поени.

Вториот меч од финалето повторно се игра на теренот од Милвоки.

OhridNews