Кошаркарите на Голден Стејт со фуриозна победа против Лос Анџелес Клиперс (132-105) на гостински терен ја вратија предноста 2-1 во првата фаза од плејофот во НБА лигата.

„Воините“ доминираа од почетокот до крајот и покажаа дека ја научија лекцијата од вториот меч во кој прокоцкаа 31 поен позитива и изгубија.

Триумф на гостински терен славеше Филаделфија која со 131-115 го совлада тимот на Бруклин, додека пред своите гледачи победа забележа Сан Антонио. „Мамузите“ го победија Денвер со 118-108 за водство 2-1 во серијата.

Резултати: Бруклин – Филаделфија 115-131 (1-2), Сан Антонио – Денвер 118-108 (2-1), ЛА Клиперс – Голден Стејт 105-132 (1-2)

OhridNews