Центарот на Чикаго, Пол Гасол со 46 поени и 18 скокови беше најзаслужен за победата на „булси“ над Милвоки со 95-87.
Шпанецот за момент во арената од Чикаго ги врати спомените на Мајкл Џордан, кој имаше исти вакви бројки зад неговото име речиси на секој натпревар.
Гасол е првиот кошаркар се разбира после Џордан во Чикаго, кој постигнал над 40 поени, а зад неговото име да има над 15 скокови.
Мх.П.