Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат на една победа од пласман во големото финале и поход кон одбрана на трофејот во НБА лигата, откако и во третиот меч од финалето во западната конфенреција го совладаа Портланд. „Воините“ славеа со 110-99 (27-29, 26-37, 29-13, 28-20).

Голден Стејт до третиот триумф стигна со маестрална игра пресврт во третата и четвртата четвртина. Избраниците на Стив Кер ја зацврстија играта во одбрана, а нападот си го задржа нивото од претходно. „Воините“ на домаќините им дозволија само 33 поени во последните два квартали, а гостите 29 кошеви постигнаа само во третата четвртина.

Во отсуство на Дурант, Кари ги презеде работите по контрола. Најдобриот играч на Голден Стејт уфрли 36 кошеви, но клуч на победата беше блескавато издание на Грин кој запиша трипл-дабл учинок (20п, 12а, 13с). Во тимот на Портланд расположен за игра беше МекКалум кој застана на 22 кошеви.

OhridNews