Екипата на Голден Стејт прва обезбеди пласман понатаму во западната конференција елиминирајќи го Портланд со чисти 4-0 во серијата. „Воините“ во решавачкиот натпревар славеа 128-103 и им се придружија на кошаркарите од Кливленд во четвртфиналната фаза во плејофот од НБА лигата.
Стеф Кари, Кевин Дурант и останатите победникот го најавија во првата четвртина која ја добија со 23 поени позитива, а постигнаа неверојатни 45 кошеви. Во трите преостанати гостинските кошаркари ја задржаа предноста и го елиминираа домашниот состав од кој се очекуваше поголем отпор.
Добрата игра и одличната кошаркарска престава на Голден Стејт и Портланд падна во сенка, откако на мечот меѓу Торонто и Милвоки двајца кошаркари имаа блиска средба. Јонас Валанчијунас и Грегор Мур имаа дуел под едниот кош, а гостинскиот центар истрча цел терен да се пресмета со домашниот, но брзата интервенција на играчите и судии спречи поголем инцидент.
Резултати: Торонто – Милвоки 118-93 (3-2), Атланта – Вашингтон 111-101 (2-2), Портланд – Голден Стејт 103-128 (0-4).
OhridNews