Кошаркарите на Голден Стејт ја одбранија титулата во НБА лигата победувајќи го ривалот од истокот, Кливленд со 4-0 во финалната серија.
„Воините“ двата домашни триумфи ги капитализираа со два гостински за „бек то бек“ и продолжување на доминацијата во НБА лигата. Во четвртиот меч Голден Стејт славеше со 108-85.
За најкорисен кошаркар во финалната серија прогласен беше Кевин Дурант, а најпрецизен во четвртиот меч заврши Стеф Кари со 37 поени.
OhridNews